Карта за еден правец

Monday, April 25, 2011. comments (0)
Одведи ме некаде од кај што нема враќање,
со возот на мечтите, на пругите од желби,
подари ми карта за еден правец,
одведи ме некаде од кај што нема враќање.
Не ме прашувај, не, ни дали сакам,
ни дали можам,
слободата подари ми ја сам, без да ти ја барам,
не ме прашувај ниту каде, ниту кога,
се оставам во твои раце,
на твојата совест...
А ти ...
одведи ме некаде од кај што нема враќање,
без каење, без солзи,
само љубов, само страст
да патуваме на возот од воздишки,
на пругите од остварени желби
без каење, без солзи
на место од кај што нема враќање.


Leia Mais...

Бакнеж по бакнеж

Saturday, April 23, 2011. comments (0)
Залудно ја бараме вистината,
милиони празни зборови излегуваат од нашите усни,
залудно ја трошиме својата енергија,
изговарајќи милиони погрдни зборови и фрази,
залудно ја бараме вистината
во морето вербални недоразбирања.

Залудно ги старееме нашите меки усни,
изговарајќи ги зборовите на љубовта,
зошто ни е ` те љубам`,
ако не знаеме навистина да љубиме?

Вистината е толку блиску, а толку далеку,
само еден чекор не дели тебе и мене од неа,
само една вечност и еден миг,
вистината е толку блиску, а толку далеку.

Наречи ја бакнеж,
и светот се отворил,
врата за нови светови , поубави,
возвишени и бескрајни,
стори се бакнеж
и навлези се подлабоко и подлабоко
освој ја новата земја,
прелетај како ветар по новите пространства.

Бакнеж по бакнеж,
свет по свет,
заедно во бескрајот,
вистината повеќе не ни е потребна!
Leia Mais...