Без маска

Monday, September 19, 2011. comments (0)
Понекогаш сум груба и гласна,
понекогаш пак нежна и тивка,
понекогаш дива и саможива,
понекогаш пак кротка и дарежлива.
Го кажувам она што го мислам,
јазиков многупати е побрз
од разумот,
што срце чувствува
се гледа во моите очи,
дали болка по усните наудолу,
дали радост по ѕвездите во очите,
дали срам по зацрвенетите образи.
Понекогаш сум жена
која знае што сака,
понекогаш дете кое првпат
го гледа светот.
Понекогаш сум груба и гласна
зошто ќе препукнам
ако не викнам,
понекогаш сум нежна и тивка
оти сакам да ја поделам
сета љубов што ја имам
и тивко да ги шепотам
тајните на мојата душа.
Соголена така,
стојам пред тебе,
ги трпам ударите
без никаков штит.
Може да викам,
може да удирам,
може да галам
ил да шепотам нежно,
но нема да лажам,
ниту да глумам
зошто љубовта е посилна така
кога се прима
 со болка и рик.







Leia Mais...

Сон

Sunday, September 18, 2011. comments (0)
Сон.
Толку стварен,
проживеав уште
сто нови животи
во него.
Сон.
Ти беше со цвет
во рака,
ме бараше мене,
ме најде,
а цветот веќе беше скинат.
Сон.
Се прегрнавме страсно,
усните во бакнеж
се споија,
нешто не беше в ред.
Сон.
Љубов и сомнежи,
срцево плаче
зошто не може
повторно да сака,
безрезервно,
безусловно.
Сон.
Премногу бремиња
носиме на нашите плеќи,
премногу рани
на нашите срца.
Сон.
Тргнавме на патување,
непознато,
полни со надеж
на почеток,
полни со сомнеж
сега.
Сон.
Се будам
и сфаќам
дека сонувам
се дури сум жива.

Leia Mais...

Дежа ви

Saturday, September 17, 2011. comments (0)
Сум слушнала приказни
од луѓе разни,
она што ни се чини дека
веќе сме го доживеале
е само моментот кога
судбината и нашиот живот
се спојуваат,
дека го доживуваме моментот
кој мора да се исполни,
дека го одиме патот
по кој треба да одиме.

Сум слушнала приказни
од луѓе разни
дека постои судбина
и дека постојат
 многу обиди
да се следи истата,
моменти на дежа ви,
моменти на веќе доживеано,
а всушност сосема ново.

Мојата приказна
сеуште ја раскажувам.
Моментот кога првпат те сретнав
кога погледнав во твоите очи
беше нешто веќе доживеано,
ти беше оној кој секогаш
сум го барала,
оној кој чекал баш на тоа место
во тој ден, тој час и во тој миг,
твојата прегратка беше
како враќање во мојот
изгубен дом,
твоите зборови
како утеха која
чекала на мене,
твојата насмевка
создадена за надеж,
беше непознат,
а толку близок.
Моменти на дежа ви,
ти си тука
и мислам дека одам по
вистинскиот пат
на мојата судбина.

Leia Mais...

Желби и можности

Thursday, September 15, 2011. comments (0)
Што и да кажам , малку е,
такви зборови уште не се измислени,
само лебдат мислите и чувствата,
недефинирани,
не припаѓаат на ниедно време,
ни простор, ни место,
невидливи,
а сепак толку силно болат,
или ме насмејуваат,
па повторно болат,
зошто нема граници за нив,
не припаѓаат на ниедно време,
ни простор , ни место
а стиснати се меѓу милиони
предрасуди, граници,
четири ѕида и една глава.
Затворени меѓу желбите
и можностите моите мисли
и чувства ќе останат загубени
во бескрајното ништо.

Leia Mais...

Ноќ

comments (0)
Ноќ...
Совршена за гревови.
Месечина...
повик на страста.
Детето стана жена,
жена жедна за љубов,
за допири,
немирна и грешна,
ја чека својата казна,
силни раце
ја грабаат нејзината коса,
меките усни на мажот
ги впиваат нејзините сокови,
болката и задоволството
стануваат едно.
Ноќ...
совршена за криење.
Месечина...
страствен крик се слуша,
жената плаче како дете
зошто болката и задоволството
стануваат едно.

Leia Mais...