Што да ти понудам за еден миг од вечноста,
за еден совршен бакнеж и бескрајна прегратка?
Во минатото,
ја продадов својата гордост за грст бакнежи и милувања
Ја продадов својата младост за лажни надежи и соништа
Ја продадов својата убавина за иднина неостварена.
Понекогаш ми се чини дека немам ништо
да понудам кога ќе застанам пред смртта,
да се искупам за своите гревови.
А што да ти понудам тебе, без гордост
со срушени соништа и без лажни надежи ?
Ќе имам ли одново што да дадам?
Ќе подигнам ли глава , да те погледнам право во очи
Ќе се врати ли мојата насмевка и мојата кожа дали ќе блесне пак?
Ќе се врати ли крвта во моите усни
за да те бакнам како тоа да е мојот последен бакнеж?
Ја продадов својата гордост кога и станав роб на љубовта,
на страста, на копнежите и милувањата,
мојата младост стана заложник на моите душевни страдања,
убавината се покри со тажен вел на изневерените очекувања,
надежта се намалува после секое мало умирање.
Понекогаш ми се чини дека е доволен само миг со тебе
за да се почувствувам како најбогата жена во целиот универзум,
само една прегратка за да се почувствувам вечно млада
и само еден бакнеж за да проструи мојата крв
низ моето подмладено тело,
да ја почуствувам вечноста во еден миг
за да и се насмеам на смртта в лице.
Comentários:
Post a Comment