Писмо

Wednesday, January 4, 2012. comments (0)
Напишав писмо на небото! Букви од желби, зборови од копнеж, ѕвезди и знаци ја осветлуваат мојата мисла, ја потцртуваат мојата проста емоција. Напишав писмо на небото! Облаците ги скрија зборовите од кои се срамам,  птиците се кикотеа на моите смешни реченици. Напишав писмо на небото! Ништо мудро, ниту ново, повикав снег да ги избрише доказите за моите чувства. Или дожд да ги засени моите солзи. Напишав писмо на небото! Ако некогаш погледнеш...
Leia Mais...