Бакнеж по бакнеж

Saturday, April 23, 2011.
Залудно ја бараме вистината,
милиони празни зборови излегуваат од нашите усни,
залудно ја трошиме својата енергија,
изговарајќи милиони погрдни зборови и фрази,
залудно ја бараме вистината
во морето вербални недоразбирања.

Залудно ги старееме нашите меки усни,
изговарајќи ги зборовите на љубовта,
зошто ни е ` те љубам`,
ако не знаеме навистина да љубиме?

Вистината е толку блиску, а толку далеку,
само еден чекор не дели тебе и мене од неа,
само една вечност и еден миг,
вистината е толку блиску, а толку далеку.

Наречи ја бакнеж,
и светот се отворил,
врата за нови светови , поубави,
возвишени и бескрајни,
стори се бакнеж
и навлези се подлабоко и подлабоко
освој ја новата земја,
прелетај како ветар по новите пространства.

Бакнеж по бакнеж,
свет по свет,
заедно во бескрајот,
вистината повеќе не ни е потребна!

Comentários:

Post a Comment