Јас и ти
под месечината.
Не, не молчам веќе,
вистината сама се кажува
с`е можам, с`е сакам
и се ќе добијам
под месечината!
Се кријам од денот,
ноќта ја сакам,
сонцето ја спржува секоја моја вистина,
месечината ја гали и потхранува
и и го дава вистинскиот облик.
Облечени во месечева светлина
нашите тела се единствената
реалност која ја гледам.
Прекрасната музика од устата на ноќта
не носи се подалеку
од пустината на денот.
Очајот и тагата
ги заменив...
Цртам портрети

Техника : пастел на хартија А3 формат - 950,оо ден.
Техника : молив на хартија А4 формат - 450,оо ден.
e-mail: vesnaniche@gmail....

Дојди!

Дојди,дојди да молчиме заедно,во тишината да си ги слушнеме нашите мисли,да танцуваме во ритамот на нашите срца,да ги споиме нашите усни засекогаш во сладок молк.
Дојди,доста се зборови гласни,лица празни, очи без сјај,сакам да го видам ликот твој мил,и двете неба во очите твои.
Дојди,на земјата влажна да ги постелиме нашите коси,кожата да ни биде единствена покривка,занесот единствен пијалок,опиени...
