Месечина

Thursday, July 28, 2011.
Јас и ти
под месечината.
Не, не молчам веќе,
вистината сама се кажува
с`е можам, с`е сакам
и се ќе добијам
под месечината!

Се кријам од денот,
ноќта ја сакам,
сонцето ја спржува секоја моја вистина,
месечината ја гали и потхранува
и и го дава вистинскиот облик.
Облечени во месечева светлина
нашите тела се единствената
реалност која ја гледам.
Прекрасната музика од устата на ноќта
не носи се подалеку
од пустината на денот.

Очајот и тагата
ги заменив со копнеж и надеж,
бакни ме сега и тука
под месечината!
Да ја запечатиш засекогаш оваа илузија,

да се лажам себеси до смрт
и да не дозволам никој да ме убеди
во спротивното.
Чија реалност е онаа вистинската?
Земјата ионака не чека после животот,
сакам заедно да лебдиме,

под месечината!


Comentários:

Post a Comment