Контрасти

Monday, May 16, 2011.
Срцево мое го носи бремето на илјадници, милиони години
страдања, солзи, копнежи, болка и насилие
сето човештво како да се струполило врз мене
сиот грев и сите темнини...


Срцево мое ја носи младоста и невиноста на секое бебе,
искреноста, голата верба во се што ќе види,
невиноста на душата и стремежите кон секое ново нешто,
сета радост и светлина...

Опасни контрасти се случуваат во мојот свет,
неиздржливи превирања и вистински војни,
смртта повеќе не е само приказна,
не е кошмарот , сон од кој може да се разбудам
сонот е мое прибежиште од реалноста,
за која нема лек, ниту убав крај.



п.с. Еве една смирувачка мелодија, која може да го смири секое растреперено срце...

 Неверник

Наречи ме неверник
зошто ја изгубив вербата.
Наречи ме грешник
зошто барам љубов.
Обвини ме за се,
зошто не го разбирам овој свет.
Обвини ме за се,
зошто незнам да играм по неговите правила.
Наречи ме неверник
зошто сум, сум...
Не верувам повеќе  во светлината,
темнината е мојата закрила сега,
да се скријам засекогаш,
зошто напразно е се,
ионака темнината ќе не покрие.
Виновна сум што постојам,
осуди ме на непостоење,
полесно ќе ми биде.
Наречи ме грешник
зошто го љубам животот.
Но што е живот во молк?
Што е живот во прикривање?
Што е живот во преправање?
Што е живот ако не можеш да живееш
со полни гради, без граници
спонтано, страствено?
Наречи ме неверник
зошто не верувам во живот
завиткан во сигурна куќичка.

Comentários:

Post a Comment