Зборови празни

Thursday, May 26, 2011.
Зборови немам,
а во чувства пловам,
барам оправдување
или пак се осудувам,
си велам,
чувствата се лага,
тоа очајот збори
или пак копнежот,
да почуствувам
дека сум жива.

Повторно да се родам
во твоите нежни раце,
во твоите тажни очи
да се видам себеси нова.

Зборови немам,
само празни фрази,
не се искажува лесно
она кое е длабоко
и силно вткаено
во секој чекор,
секоја мисла моја
и исплетено
со секој чекор
и секоја желба твоја.

Ништо не ветуваш,
ништо не ветувам,
зборовите само го кријат
она што срцето го збори.

Comentários:

Post a Comment