Желби и можности

Thursday, September 15, 2011. comments (0)
Што и да кажам , малку е,
такви зборови уште не се измислени,
само лебдат мислите и чувствата,
недефинирани,
не припаѓаат на ниедно време,
ни простор, ни место,
невидливи,
а сепак толку силно болат,
или ме насмејуваат,
па повторно болат,
зошто нема граници за нив,
не припаѓаат на ниедно време,
ни простор , ни место
а стиснати се меѓу милиони
предрасуди, граници,
четири ѕида и една глава.
Затворени меѓу желбите
и можностите моите мисли
и чувства ќе останат загубени
во бескрајното ништо.

Leia Mais...

Ноќ

comments (0)
Ноќ...
Совршена за гревови.
Месечина...
повик на страста.
Детето стана жена,
жена жедна за љубов,
за допири,
немирна и грешна,
ја чека својата казна,
силни раце
ја грабаат нејзината коса,
меките усни на мажот
ги впиваат нејзините сокови,
болката и задоволството
стануваат едно.
Ноќ...
совршена за криење.
Месечина...
страствен крик се слуша,
жената плаче како дете
зошто болката и задоволството
стануваат едно.

Leia Mais...

За еден миг од вечноста

Thursday, August 25, 2011. comments (0)
Што да ти понудам за еден миг од вечноста,
за еден совршен бакнеж и бескрајна прегратка?

Во минатото,
ја продадов својата гордост за грст бакнежи и милувања
Ја продадов својата младост за лажни надежи и соништа
Ја продадов својата убавина за иднина неостварена.
Понекогаш ми се чини дека немам ништо
да  понудам кога ќе застанам пред смртта,
 да се искупам за своите гревови.

А што да ти понудам тебе, без гордост
со срушени соништа и без лажни надежи ?

Ќе имам ли одново што да дадам?
Ќе подигнам ли глава , да те погледнам право во очи
Ќе се врати ли мојата насмевка и мојата кожа дали ќе блесне пак?
Ќе се врати ли крвта во моите усни
за да те бакнам како тоа да е мојот последен бакнеж?

Ја продадов својата гордост кога и станав роб на љубовта,
на страста, на копнежите и милувањата,
мојата младост стана заложник на моите душевни страдања,
убавината се покри со тажен вел на изневерените очекувања,
надежта се намалува после секое мало умирање.

Понекогаш ми се чини дека е доволен само миг со тебе
за да се почувствувам како најбогата жена во целиот универзум,
само една прегратка за да се почувствувам вечно млада
и само еден бакнеж за да проструи мојата крв
низ моето подмладено тело,
да ја почуствувам вечноста во еден миг
за да и се насмеам на смртта в лице.





Leia Mais...

Месечина

Thursday, July 28, 2011. comments (0)
Јас и ти
под месечината.
Не, не молчам веќе,
вистината сама се кажува
с`е можам, с`е сакам
и се ќе добијам
под месечината!

Се кријам од денот,
ноќта ја сакам,
сонцето ја спржува секоја моја вистина,
месечината ја гали и потхранува
и и го дава вистинскиот облик.
Облечени во месечева светлина
нашите тела се единствената
реалност која ја гледам.
Прекрасната музика од устата на ноќта
не носи се подалеку
од пустината на денот.

Очајот и тагата
ги заменив со копнеж и надеж,
бакни ме сега и тука
под месечината!
Да ја запечатиш засекогаш оваа илузија,

да се лажам себеси до смрт
и да не дозволам никој да ме убеди
во спротивното.
Чија реалност е онаа вистинската?
Земјата ионака не чека после животот,
сакам заедно да лебдиме,

под месечината!


Leia Mais...

Големата депресија

Tuesday, July 19, 2011. comments (0)
Leia Mais...

Цртам портрети

Saturday, July 9, 2011. comments (0)
 Техника : пастел на хартија А3 формат - 950,оо ден.
Техника : молив на хартија А4 формат - 450,оо ден.














 e-mail: vesnaniche@gmail.com
Leia Mais...

Дојди!

Thursday, July 7, 2011. comments (0)
Дојди,
дојди да молчиме заедно,
во тишината да си ги слушнеме нашите мисли,
да танцуваме во ритамот на нашите срца,
да ги споиме нашите усни засекогаш во сладок молк.

Дојди,
доста се зборови гласни,
лица празни, очи без сјај,
сакам да го видам ликот твој мил,
и двете неба во очите твои.

Дојди,
на земјата влажна да ги постелиме нашите коси,
кожата да ни биде единствена покривка,
занесот единствен пијалок,
опиени така да отпатуваме од овој свет.


Leia Mais...