Зборови празни

Thursday, May 26, 2011. comments (0)
Зборови немам,
а во чувства пловам,
барам оправдување
или пак се осудувам,
си велам,
чувствата се лага,
тоа очајот збори
или пак копнежот,
да почуствувам
дека сум жива.

Повторно да се родам
во твоите нежни раце,
во твоите тажни очи
да се видам себеси нова.

Зборови немам,
само празни фрази,
не се искажува лесно
она кое е длабоко
и силно вткаено
во секој чекор,
секоја мисла моја
и исплетено
со секој чекор
и секоја желба твоја.

Ништо не ветуваш,
ништо не ветувам,
зборовите само го кријат
она што срцето го збори.

Leia Mais...

Контрасти

Monday, May 16, 2011. comments (0)
Срцево мое го носи бремето на илјадници, милиони години
страдања, солзи, копнежи, болка и насилие
сето човештво како да се струполило врз мене
сиот грев и сите темнини...


Срцево мое ја носи младоста и невиноста на секое бебе,
искреноста, голата верба во се што ќе види,
невиноста на душата и стремежите кон секое ново нешто,
сета радост и светлина...

Опасни контрасти се случуваат во мојот свет,
неиздржливи превирања и вистински војни,
смртта повеќе не е само приказна,
не е кошмарот , сон од кој може да се разбудам
сонот е мое прибежиште од реалноста,
за која нема лек, ниту убав крај.



п.с. Еве една смирувачка мелодија, која може да го смири секое растреперено срце...

 Неверник

Наречи ме неверник
зошто ја изгубив вербата.
Наречи ме грешник
зошто барам љубов.
Обвини ме за се,
зошто не го разбирам овој свет.
Обвини ме за се,
зошто незнам да играм по неговите правила.
Наречи ме неверник
зошто сум, сум...
Не верувам повеќе  во светлината,
темнината е мојата закрила сега,
да се скријам засекогаш,
зошто напразно е се,
ионака темнината ќе не покрие.
Виновна сум што постојам,
осуди ме на непостоење,
полесно ќе ми биде.
Наречи ме грешник
зошто го љубам животот.
Но што е живот во молк?
Што е живот во прикривање?
Што е живот во преправање?
Што е живот ако не можеш да живееш
со полни гради, без граници
спонтано, страствено?
Наречи ме неверник
зошто не верувам во живот
завиткан во сигурна куќичка.

Leia Mais...

Ѕид

Sunday, May 1, 2011. comments (0)

Отворена душа...
треба ли да барам штит,треба ли ѕидини да изградам?
Дали мора болка да има,за среќа да сетам јас?
Еве градам ѕид околу мене...
еве го држам штитот на неразбраните...
мечот на слободата...
Еден збор руши се...
еден поглед и штитот паѓа...
осуди ме и слободата земи ми ја!

Leia Mais...

Немир

comments (0)
Немир...напразно извикани зборови...
оддек и болка...
Земјата ме вика ,
а небото го сакам !
Сонот за лет е само сон...
има ли надеж ?
Немир...напразно извикани зборови...
зборот сече и пустош остава...
празнина и земјата ме вика,
а небото го сакам !
Сила да земам,да се поткрепам ,
дај ми вода на животот ,
жедта да изгаснам ,
небото да го освојам ,
од земја да се оттурнам !
Напразно извикани зборови.


Leia Mais...

Карта за еден правец

Monday, April 25, 2011. comments (0)
Одведи ме некаде од кај што нема враќање,
со возот на мечтите, на пругите од желби,
подари ми карта за еден правец,
одведи ме некаде од кај што нема враќање.
Не ме прашувај, не, ни дали сакам,
ни дали можам,
слободата подари ми ја сам, без да ти ја барам,
не ме прашувај ниту каде, ниту кога,
се оставам во твои раце,
на твојата совест...
А ти ...
одведи ме некаде од кај што нема враќање,
без каење, без солзи,
само љубов, само страст
да патуваме на возот од воздишки,
на пругите од остварени желби
без каење, без солзи
на место од кај што нема враќање.


Leia Mais...

Бакнеж по бакнеж

Saturday, April 23, 2011. comments (0)
Залудно ја бараме вистината,
милиони празни зборови излегуваат од нашите усни,
залудно ја трошиме својата енергија,
изговарајќи милиони погрдни зборови и фрази,
залудно ја бараме вистината
во морето вербални недоразбирања.

Залудно ги старееме нашите меки усни,
изговарајќи ги зборовите на љубовта,
зошто ни е ` те љубам`,
ако не знаеме навистина да љубиме?

Вистината е толку блиску, а толку далеку,
само еден чекор не дели тебе и мене од неа,
само една вечност и еден миг,
вистината е толку блиску, а толку далеку.

Наречи ја бакнеж,
и светот се отворил,
врата за нови светови , поубави,
возвишени и бескрајни,
стори се бакнеж
и навлези се подлабоко и подлабоко
освој ја новата земја,
прелетај како ветар по новите пространства.

Бакнеж по бакнеж,
свет по свет,
заедно во бескрајот,
вистината повеќе не ни е потребна!
Leia Mais...