Предизвикот на вистината

Monday, December 26, 2011. comments (2)
Ветрови дувајте! Бури заиграјте, разбранувајте го моето срце! Громови пукајте! Тука сум, ќе издржам. Дали жива  или мртва сеедно е сега! Солзи и дожд , мокро тело, идам до крај! Без компромис, без лаги, јас сум таа што сум, дали жива или мртва, сеедно е сега! Бранови однесете ме! Се предавам цела, без соништа, без надежи пловам низ животот или смртта, сеедно е сега! Полна сум со љубов. Омразата ја оставив зад себе, немам стремежи, ниту копнежи, јас...
Leia Mais...

Отровна месечина

Wednesday, November 30, 2011. comments (0)
Отровна месечино! Толку сладок отров внесуваш во моите вени, умирам, со задоволство во секое сетило. Експлозија, па темнина. Само ти стоиш вечна, полна и сјајна. Отровна месечино! Не ми даваат мир сите твои покани за грев, за патувања непознати, го прифаќам  твојот повик, твојот сладок отров се шири низ моето тело. Експлозија, па темнина. Отровна месечино! Ја пееш исконската песна за ...
Leia Mais...

Небо и земја

Wednesday, November 30, 2011 comments (0)
Залудно барам прибежиште, со погледот вперен во небото, ѕвездите остануваат недостижни, а месечината мистерија. Залудно барам прибежиште во твоите очи, се разголувам сосема пред тебе, останувам без засолниште, земјата е мојата лежалка, мојата перница се лисјата, есента што ги фрли, сувата земја ја впива секоја моја солза, лисјата ја галат секоја моја насмевка, мирисот на роса секое утро е во моите мисли. Како би било кога би исчезнал секој лош мирис, секој...
Leia Mais...

Немирна

Monday, November 7, 2011. comments (0)
Немирна, нескротлива сум, мислиш ме имаш, а веќе сум далеку. Немирна, ме мами виењето, волците на страста го бараат својот данок. Немирна. Месечината ме води, месечарам будна, вијам и јас. Немирна, едно гризнување, мора да има болка за да има задоволство. Немирна, усните се жедни за крв, за месо, нокти во кожа. Немирна, огнот го топи секој мраз, не се смирува дур не го скротиш. Немирна, те предизвикувам, само поголем ѕвер од мене може да ме...
Leia Mais...

Дали знаеш?

Tuesday, November 1, 2011. comments (0)
Дали знаеш? Ти си тој. Свој и единствен, никогаш мој, а сепак близок. Дали знаеш? Јас сум таа. Своја и единствена, никогаш твоја, а сепак блиска. Дали знаеш? Дека не барам ништо од тебе, а ти сепак даваш и љубиш. Дали знаеш? Дека не бараш ништо од мене, а јас сепак давам и љубам. Дали знаеш? Дека сме секогаш заедно, а никогаш на исто место, дека времето стои за нас и се смета во години, а не во денови. Дали знаеш? Дека го знаеш сето ова, дека...
Leia Mais...

А тебе те нема

Tuesday, November 1, 2011 comments (0)
Низ прозорецот гледам, во далечините те барам, ветришта ги брануваат гранките, си поигруваат лево - десно, облаци натежнале над црвеното небо, празно е и тмурно и тебе те нема. Мирисот после дожд ми влегува во ноздрите, го вдишувам тој возбудлив зрак на надеж, дека после дожд ќе дојде сонцето. Телото ми трепери од возбуда, од исчекување јас немам мир, а тебе те нема. Непредвидлива сум како времето, во лутина како ветер можам се да однесам, да заплакам...
Leia Mais...

Осаменост

Tuesday, November 1, 2011 comments (0)
Тоа е чувство кое ме јаде,  сета надеж ја одзема од моето тело, срцето нема на кого да ја даде, таа љубов , тоа чувство врело. Осаменост... И милион луѓе да има околу мене, нема да се смени таа мачна тага, очи затворам, снагата ми вене, вистината не се заменува со лага. Осаменост... Не, јас никаде не припаѓам, ништо не е за мене мое, за кратко кревам глава , па повторно паѓам, блиско ми е само она што е твое. Осаменост... Најстрашно е кога...
Leia Mais...

Кога виното зборува

Tuesday, November 1, 2011 comments (0)
Кога виното зборува јас си молчам, јас немам тогаш што паметно да кажам. Кога виното зборува моите очи повторуваат по него, солзи и смеа, од се по нешто, моите усни бесрамно се црвени. Кога виното зборува јас си молчам, ако и ти замолчиш ќе го чуеш биењето на моето срце. Што виното зборува јас не можам да го кажам, што моето срце отчукува, јас незнам да го отпеам. Ако замолчиме, се погледнеме и срцата си ги чуеме, виното кажало се. Кога виното...
Leia Mais...

"Онака како што е и никако поинаку "

Saturday, October 8, 2011. comments (0)
Во моите сништа јас бев кралица, кралица на облаците од чоколадо и малото виножито од солзи , лебдев на синото небо од насмевки, се беше лесно и едноставно, онака како што е и никако поинаку. Имав мала круна од воздишки, очи полни со надеж, коси распослани по полето од очекувања и посакувања, чевлички од немир и љубопитство. Бев кралица на изгубените, ги повикував на утринска музика, свирачите на тагата го одеа својот утрински марш. Тагата и радоста стануваа...
Leia Mais...

Дали знаеш?

Saturday, October 8, 2011 comments (0)
Дали знаеш? Ти си тој. Свој и единствен, никогаш мој, а сепак близок. Дали знаеш? Јас сум таа. Своја и единствена, никогаш твоја, а сепак блиска. Дали знаеш? Дека не барам ништо од тебе, а ти сепак даваш и љубиш. Дали знаеш? Дека не бараш ништо од мене, а јас сепак давам и љубам. Дали знаеш? Дека сме секогаш заедно, а никогаш на исто место, дека времето стои за нас и се смета во години, а не во...
Leia Mais...

Без маска

Monday, September 19, 2011. comments (0)
Понекогаш сум груба и гласна, понекогаш пак нежна и тивка, понекогаш дива и саможива, понекогаш пак кротка и дарежлива. Го кажувам она што го мислам, јазиков многупати е побрз од разумот, што срце чувствува се гледа во моите очи, дали болка по усните наудолу, дали радост по ѕвездите во очите, дали срам по зацрвенетите образи. Понекогаш сум жена која знае што сака, понекогаш дете кое првпат го гледа светот. Понекогаш сум груба и гласна зошто ќе...
Leia Mais...

Сон

Sunday, September 18, 2011. comments (0)
Сон. Толку стварен, проживеав уште сто нови животи во него. Сон. Ти беше со цвет во рака, ме бараше мене, ме најде, а цветот веќе беше скинат. Сон. Се прегрнавме страсно, усните во бакнеж се споија, нешто не беше в ред. Сон. Љубов и сомнежи, срцево плаче зошто не може повторно да сака, безрезервно, безусловно. Сон. Премногу бремиња носиме на нашите плеќи, премногу рани на нашите срца. Сон. Тргнавме на патување, непознато, полни со надеж на почеток, полни...
Leia Mais...

Дежа ви

Saturday, September 17, 2011. comments (0)
Сум слушнала приказни од луѓе разни, она што ни се чини дека веќе сме го доживеале е само моментот кога судбината и нашиот живот се спојуваат, дека го доживуваме моментот кој мора да се исполни, дека го одиме патот по кој треба да одиме. Сум слушнала приказни од луѓе разни дека постои судбина и дека постојат  многу обиди да се следи истата, моменти на дежа ви, моменти на веќе доживеано, а всушност сосема ново. Мојата приказна сеуште ја...
Leia Mais...

Желби и можности

Thursday, September 15, 2011. comments (0)
Што и да кажам , малку е, такви зборови уште не се измислени, само лебдат мислите и чувствата, недефинирани, не припаѓаат на ниедно време, ни простор, ни место, невидливи, а сепак толку силно болат, или ме насмејуваат, па повторно болат, зошто нема граници за нив, не припаѓаат на ниедно време, ни простор , ни место а стиснати се меѓу милиони предрасуди, граници, четири ѕида и една глава. Затворени...
Leia Mais...

Ноќ

Thursday, September 15, 2011 comments (0)
Ноќ... Совршена за гревови. Месечина... повик на страста. Детето стана жена, жена жедна за љубов, за допири, немирна и грешна, ја чека својата казна, силни раце ја грабаат нејзината коса, меките усни на мажот ги впиваат нејзините сокови, болката и задоволството стануваат едно. Ноќ... совршена за криење. Месечина... страствен крик се слуша, жената плаче како дете зошто болката и задоволството стануваат...
Leia Mais...

За еден миг од вечноста

Thursday, August 25, 2011. comments (0)
Што да ти понудам за еден миг од вечноста, за еден совршен бакнеж и бескрајна прегратка? Во минатото, ја продадов својата гордост за грст бакнежи и милувања Ја продадов својата младост за лажни надежи и соништа Ја продадов својата убавина за иднина неостварена. Понекогаш ми се чини дека немам ништо да  понудам кога ќе застанам пред смртта,  да се искупам за своите гревови. А што да ти понудам тебе, без гордост со срушени соништа и без...
Leia Mais...

Месечина

Thursday, July 28, 2011. comments (0)
Јас и ти под месечината. Не, не молчам веќе, вистината сама се кажува с`е можам, с`е сакам и се ќе добијам под месечината! Се кријам од денот, ноќта ја сакам, сонцето ја спржува секоја моја вистина, месечината ја гали и потхранува и и го дава вистинскиот облик. Облечени во месечева светлина нашите тела се единствената реалност која ја гледам. Прекрасната музика од устата на ноќта не носи се подалеку од пустината на денот. Очајот и тагата ги заменив...
Leia Mais...

Големата депресија

Tuesday, July 19, 2011. comments (0)
...
Leia Mais...

Цртам портрети

Saturday, July 9, 2011. comments (0)
 Техника : пастел на хартија А3 формат - 950,оо ден. Техника : молив на хартија А4 формат - 450,оо ден.  e-mail: vesnaniche@gmail....
Leia Mais...

Дојди!

Thursday, July 7, 2011. comments (0)
Дојди,дојди да молчиме заедно,во тишината да си ги слушнеме нашите мисли,да танцуваме во ритамот на нашите срца,да ги споиме нашите усни засекогаш во сладок молк. Дојди,доста се зборови гласни,лица празни, очи без сјај,сакам да го видам ликот твој мил,и двете неба во очите твои. Дојди,на земјата влажна да ги постелиме нашите коси,кожата да ни биде единствена покривка,занесот единствен пијалок,опиени...
Leia Mais...

Демони

Thursday, June 30, 2011. comments (0)
Не ме оставај сама,моите демони тоа го сакаат,не ме оставај сама,демоните на мојата душа тогаш се будат,темнината на мојата тага е нивни дом,силината на мојот копнеж  нивна храна,кога тие се сити,во мојата душа има само празнина.Не ме оставај сама,разговорот меѓу мене и јас се претвора во кавга,за демоните најпривлечна музика.Тие се капат во реките од солзи,пијат од крвта зовриена од желби,незадоволството...
Leia Mais...

Краставите жаби од устата на демократијата

Monday, June 27, 2011. comments (0)
Ми се чини дека народов во Македонија го свати поимот демократија само на еден начин, да има огромна слобода да биде креативен во ужасот и одвратноста на навредите кои ќе ги упатува кон другиот кој што заради поинакво мислење и начин на живот му пречи. Таков подем на слобода на говор на омраза и навреди јас навистина досега не сум доживеала како што е во последниве години. Патем,под демократија се подразбира и нешто народот да конструира, работи...
Leia Mais...

Глас

Monday, June 6, 2011. comments (0)
Со главата во облаците, а нозете на земја, пресечена на половина, без крилја со кои ќе се одлепам од оваа проклета земја, земја која ми ги искрши сите надежи, сите стремежи, сите желби, во која надежта е како магла, смрдлива , густа и неподнослива, лажлива магла која ги покрива вистинските облици на нештата. Ми иде да викнам, да останам без глас, но само отварам уста и нема како риба на суво едвај...
Leia Mais...

Зборови празни

Thursday, May 26, 2011. comments (0)
Зборови немам, а во чувства пловам, барам оправдување или пак се осудувам, си велам, чувствата се лага, тоа очајот збори или пак копнежот, да почуствувам дека сум жива. Повторно да се родам во твоите нежни раце, во твоите тажни очи да се видам себеси нова. Зборови немам, само празни фрази, не се искажува лесно она кое е длабоко и силно вткаено во секој чекор, секоја мисла моја и исплетено со секој...
Leia Mais...

Контрасти

Monday, May 16, 2011. comments (0)
Срцево мое го носи бремето на илјадници, милиони години страдања, солзи, копнежи, болка и насилие сето човештво како да се струполило врз мене сиот грев и сите темнини... Срцево мое ја носи младоста и невиноста на секое бебе, искреноста, голата верба во се што ќе види, невиноста на душата и стремежите кон секое ново нешто, сета радост и светлина... Опасни контрасти се случуваат во мојот свет, неиздржливи...
Leia Mais...

Ѕид

Sunday, May 1, 2011. comments (0)
Normal 0 false false false EN-US X-NONE X-NONE ...
Leia Mais...

Немир

Sunday, May 1, 2011 comments (0)
Немир...напразно извикани зборови... оддек и болка... Земјата ме вика , а небото го сакам ! Сонот за лет е само сон... има ли надеж ? Немир...напразно извикани зборови... зборот сече и пустош остава... празнина и земјата ме вика, а небото го сакам ! Сила да земам,да се поткрепам , дај ми вода на животот , жедта да изгаснам , небото да го освојам , од земја да се оттурнам ! Напразно извикани зборо...
Leia Mais...

Карта за еден правец

Monday, April 25, 2011. comments (0)
Одведи ме некаде од кај што нема враќање, со возот на мечтите, на пругите од желби, подари ми карта за еден правец, одведи ме некаде од кај што нема враќање. Не ме прашувај, не, ни дали сакам, ни дали можам, слободата подари ми ја сам, без да ти ја барам, не ме прашувај ниту каде, ниту кога, се оставам во твои раце, на твојата совест... А ти ... одведи ме некаде од кај што нема враќање, без каење, без солзи, само љубов, само страст да патуваме на...
Leia Mais...

Бакнеж по бакнеж

Saturday, April 23, 2011. comments (0)
Залудно ја бараме вистината, милиони празни зборови излегуваат од нашите усни, залудно ја трошиме својата енергија, изговарајќи милиони погрдни зборови и фрази, залудно ја бараме вистината во морето вербални недоразбирања. Залудно ги старееме нашите меки усни, изговарајќи ги зборовите на љубовта, зошто ни е ` те љубам`, ако не знаеме навистина да љубиме? Вистината е толку блиску, а толку далеку, само...
Leia Mais...